| четврток, 6 декември 2018 |

Опел фронтера излетал од патот, тројца повредени, прилепчанец се бори за живот

Во 18.00 часот на локалниот пат Прилеп – село Прилепец, 60-годишниот Г.С. од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.В.(52) од Прилеп, кој по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е препратен на лекување во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Возачот и останатите три сопатници се здобиле со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Фото: Илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top