| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилскиот претседателски кандидат најверојатно нема да ја продолжи кампањата поради сериозните повреди

Бразилскиот претседателски кандидат Жаир Болсонаро веројатно нема да ја продолжи кампањата пред 7 октомври поради сериозноста на повредите од нападот со нож.

Синот на Болосонаро, Флавио изјави дека неговиот татко е во „сериозна здравствена состојба“ и дека има проблеми со говорот.

– Тој не може да излезе на улица, но ние можеме, изјави Флавио Болсонаро.

Жаир Болсонаро беше избоден во четвртокот за време на претседателска кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top