Американскиот државен секретар Мајк Помпео во името на Владата на САД им го честита ја граѓаните на Македонија Денот на независноста – 8 Септември.
„Ви честитаме за историскиот Договор од Преспа, кој откако ќе биде имплементиран ќе доведе до голема безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија и за целиот регион. Вашата посветеност на демократските принципи, владеењето на правото, одговорноста на Владата, напорите за спречување на корупцијата се за пофалба. САД силно ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат да стане дел од евроатланското семејство“, нагласи Помпео во својата честитка по повод 27-годишнината од независноста.
„Ви посакуваме се најдобро додека го прославувате овој специјален ден и со нетрпение го очекуваме идното продлабочено пријателство и соработка“, додаде американскиот државен секретар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст