| четврток, 6 декември 2018 |

Ченто VS Шилегов: Јане Ченто ја одбранил честа на презимето

Обвинетиот за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 Јане Ченто, откако се пријави вкрстено да го испрашува сведокот Петре Шилегов му рече:

-Господине Шилегов, јас сум внук на првиот претседател на АСНОМ, колку да расчистиме кој е фашист, а кој не”, откако претходно, Шилегов, одговарајќи на друго вкрстено прашање, рече дека нападот на Собранието бил „организиран политички облик на фашизам.

Шилегов потоа му одговори на Јане Ченто:„Од секоја здрава семка не излегува здрав плод”, по што Ченто му реплицираше: „Крушата под круша паѓа”.

По ова, судијката Добрила Кацарска ги прекина и го прекори сведокот Шилегов.

-Господине Шилегов, како пратеник имате заштита и можете да зборувате сѐ што сакате и да навредувате. Но, ова не е Собрание, сите имаат подеднаков третман. Не навредувајте и внимавајте како се обраќате, му рече Кацарска на градоначалникот на Скопје кој за време на организираниот напад на Собранието лани беше пратеник.

По ова, одбраната немаше веќе прашања и рочиштето заврши. Судењето продолжува утре со сведочење на Никола Тодоров, Весел Мемеди, Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top