| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе изгледа болницата во Аеродром (ФОТО)

Министерот за здравство Венко Филиче го објави на Фејсбук идејното решение за болницата што ќе се гради во општина Аеродром, на зеленилото кај Мајчин дом.


Според конкурсот за избор на идеен проект за нова Градска болница на локација во општина Аеродром на на Министерството за здравство идејниот проект треба да предвиди градба на градска болница со максимална висина од 18 метри, односно приземје и четири ката. Сообраќајниот пристап до болницата да биде решен од два крака, односно од булевар „Васко Карангелевски“ и булевар „Јане Сандански“. Болницата треба да имплементира нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки, со цел намалување на просечната должина на болнички престој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top