| четврток, 6 декември 2018 |

Таксист нападнал патник зошто му ја треснал вратата

Вчера околу 1 часот по полноќ во Полициската станица Аеродром, М.Е. (24) од Гевгелија пријавил дека на завчера околу 23 часот на бул. „3 -та Македонска Бригада“ во Скопје физички бил нападнат од такси возач од непозната такси компанија.

Според пријавителот, тој претходно се возел во такси возилото „Форд“ на релација од Зелен Пазар до Ново Лисиче. На наведената локација му рекол на таксистот да застане, а откако му рекол дека сметката е голема му дал повеќе пари и излегол од возилото и притоа посилно ја затворил вратата.

После тоа, такси возачот излегол и физички го нападнал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top