| четврток, 6 декември 2018 |

Сари: Преку телевизија дознав дека не сум повеќе тренер на Наполи

Поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, за италијанските медиуми изјавил дека за неговото заминување од клубот е виновен претседателот Аурелио Де Лаурентис. Тој потенцирал и дека Де Лаурентис е виновникот и за заминувањето на Гонзало Игуаин од Непаол.

– Вистина е дека на ТВ дознав дека не сум повеќе тренер на Наполи. Се премислував тогаш, но во договорот постоеше клаузула и поради тоа ништо не ме прашаа. Тајмингот не е испочитуван. Се надевам дека Анчелоти ќе успее во она што јас бев многу блиску, рекол Сари.

Тој дополнил дека му е благодарен на Де Лаурентис за шансата што ја добил и дека и понатаму е добар пријател со неговиот син Едоардо. Сари проговорил и за трансферот што во 2016 година го крена на нозе Неапол, односно за заминувањето на Гонзало Игуаин во редовите на омразениот ривал Јувентус.

– Никого не предаде и секако не е предавник. Тој имаше проблеми само со претседателот, истакнал Сари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top