| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка тешко повредена вчера во Аеродром, ја прегазиле со „Опел Астра“

Скопјанката А.С. (75) е тешко повредена откако вчера утрината во неа удрил автомобил „Опел Астра“. Несреќата, како што информираат од МВР, се случила на булеварот „Јане Сандански“, а возилото било управувано до В.Р. (40) од Скопје.

– На А.С. и била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top