Македонската влада е на столбот на срамот денеска откако Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц на официјалната церемонија на дочекот пред Владата беше поздравен со погрешно знаме. Владата на чело со премиерот Зоран Заев, плеада од највисокиот политички блок на Македонија, бројниот владин ПР-тим – никој не ја забележа кардиналната грешка. Знамето кое се вееше над Австриецот е знамето на Летонија.
Разликата меѓу двете знамиња можеби е мала, но грешката е огромна, а со овој скандал уште еднаш на дело се покажува неспособноста на владата и тимот кој „ќе не однесе во Европа“. Oва ли е таа Европска Македонија за која зборуваат?
Во очекување на извинувањето до австрискиот канцелар и до целата македонска јавност од страна на Владата, прашањето е: Кој ќе ја сноси одговорноста за овој преседан и невиден срам за Македонија?
Ќе дочекаме ли некој од владата на Заев конечно да одговара за своите грешки и да добие отказ по ваков скандал или повторно ќе добиеме одговор: „Ако така бараме оставки потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Професорка уапсена за инцест, ученик ја препознал на „Порнхаб“