| четврток, 6 декември 2018 |

Возач загина кај Мокрино

Жител од струмичкото село Мокрино загинал кога со автомобилот што го управувал излетал од коловозот, вчера попладнето на регионалниот пат село Ново село – село Мокрино.

Според полицијата, животот го загубил Е.Д. (69).

Сообраќајната несреќа се случила околу 18.30, кога автомобил „тојота корола“ со струмички регистарски ознаки, што го управувал Е.Д. од засега непознати причини излетал од патот.

Во сообраќајката возачот се здобил со тешки повреди и веднаш бил пренесен во болницата во Струмица каде што починал.

Екипа на СВР Струмица извршила увид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top