| четврток, 6 декември 2018 |

Бускетс ќе го продолжи договорот со Барселона, добива откупна клаузула од 500 милиони евра

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс ќе го продолжи договорот со клубот во блиска иднина, објави „Мундо Депортиво“. Раководството на Каталонците преговараше со 30-годишниот Шпанец за новиот договор во текот на летните месеци, што и вродило со плод.

Според условите на договорот, клаузулата за откуп на Бускетс се зголемува од 200 на 500 милиони евра. Неговата годишна плата исто така ќе се зголеми.
Бускетс игра за Барселона од 2008 година и со „каталонците“ освои седум трофеи во Шпанија и три во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top