| четврток, 6 декември 2018 |

Почина легендарниот холивудски актер, Берт Рејнолдс

Легендарниот американски актер, Берт Рејнолдс кој во 70-ти и 80-ти години уживаше огромна популарност во САД, починал денеска на 82-годишна возраст во Флорида. Неговите преставници за медиумите ја потврдиле тажната вест и информирале дека починал денеска, без да соопштат повеќе детали.

Дел од неговите најсупешни филмови се „Deliverance“, „Smokey and the Bandit“ и „The Longest Yard“, а Рејнолдс беше номиниран за Оскар за филмот од 1997 години Буги најтс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top