
Францускиот фудбалер од средниот ред, Пол Погба ја разбрани јавноста со изјавата за неговиот престој во вицешампионот на Англија, Манчестер Јунајтед. Според пишувањата на англиските медиуми, тој веќе одамна не е во добри односи со менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, а извесно време се шпекулира дека побарал трансфер.
– Многу работи се кажаа, но јас имам договор со Манчестер. Мојата иднина е тука, имам договор и тука играм, но кој знае што може да се случи во наредните месеци, изјавил Погба.
Во врска со односот со Мурињо, тој негира дека постојат проблеми.
– Мурињо и јас имаме класичен однос меѓу играч и тренер, и така треба да биде. Можам да ве уверам дека јас секогаш давам 100 отсто, без разлика кој е мојот тренер. Секогаш давам 100 отсто за Јунајтед, тоа е сè што сакам да кажам, додал Погба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


