| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг се вози во „мерцедесот“ за кој му се суди на Груевски (ФОТО)

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа допатува во дводневна посета на Скопје. Пречекан беше од министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Денес во Скопје тој има средби со државниот врв, а низ градот се превезува со „мерцедесот“ кој СДСМ ветуваше дека ќе го продаде и ќе купи амбулантни возила.

За овој Мерцедес, набавен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, постапка покрена СЈО, каде токму екс-премиерот одговараше на суд. Осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на луксузниот владин „Мерцедес“.

„Мерцедесот“ во „Тенк“ не е случај туку политички прогон на Никола Груевски

За време на “бомбите“, во текот на предизборната кампања и многу потоа, СДСМ го користеше „Мерцедесот“ како симбол за наводен криминал. Но, сега, не им смета да го возат Столтенберг во “скандалозниот Мерцедес“, за кој на јавноста и ги замачкуваа очите дека ќе биде продаден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top