| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг ја доби „Аминта Трети“

Улицата „Аминта Трети“, поранешна „Ленинова“, кој се протега од Луна паркот во Градскиот парк до Клубот на пратениците, ќе го носи името „Столтенбергова“. Денеска на откривањето на улицата присустуваше и синот на Торвалт Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Улицата е именувана според угледниот норвешки дипломат Торвалт Столтенберг, кој почина пред неколку месеци, а Скопје на овој начин му се оддолжува на човекот кој даде голем придонес во обновата на градот по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

 

фото: Фејсбук Град Скопје

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top