| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Поради неспособноста на градоначалникот Богдановиќ стотици деца останаа дома, наместо редовно да посетуваат настава

Поради неспособноста и неработењето на градоначалникот Богдановиќ стотици дечиња останаа дома наместо да се во училиште и редовно да посетуваат настава, вели ВМРО ДПМНЕ.

„Ниту едно соопштение нема да со сокрие фактот дека единствената штета на образовниот процес во општина Центар ја прави единствено градоначалникот Саша Богдановиќ и СДСМ. Нивната неспособност резултираше со одложување на школската година за прв пат во историјата во општина Центар“ се вели во соопштението на партијата.
Од ВМРО ДПМНЕ сакаат да го потсетат Богдановиќ дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ се изгради нова спортска сала која се користи и ден денес во ОУ „11 Октомври“ , а притоа истото училиште се реконстурираше целосно.

– Се реконструираа училиштата „Димитар Миладинов“ и „Кочо Рацин“ а се изградија и 2 нови спортски игралишта. За најмладите се со цел подобри услови за развој се реконструираа градинките „Парк“ и „Наум Наумовски Борче“. Наместо Богдановиќ да се служи со лаги и манипулации време е да се фати за работа и да почне да ги исполнува ветувањата што им ги даде на жителите на Центар. Центарци не заслужуваат градоначалник како Саша Богдановиќ“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top