Суштествени повреди на кривичната постапка, повреда на заштитата на приватноста, според тоа како се прибавени аудиоматеријалите, апсолутната застареност на предметот се само дел од образложенијата на жалбите на адвокатите на Груевски и Поповски кои бараат Апелација да го врати предметот на повторно судење. Тие сметаат дека не може да се донесе пресуда која се заснова само на осум аудиоснимки и никакви други докази. Обвинетите имаат право на барање за вештачење на автентичноста на материјалите, но тоа не им било овозможено од страна на судот.
Со незаконското прислушување на граѓани, се крши и законот за заштита на приватноста. Вештачењето е направено од ЕОС Консалтинг која е странска подружница, не е регистрирана во Централниот регистар и нејзин управител е Димитар Бузлевски – висок функционер во СДСМ. Вештачењето го извршиле повторно лица блиски до политичкиот опонент на Груевски и тоа без лиценца, која им била истечена во времето на вештачењето. А на одбраната не и било овозможено да присуствува на истото, со што се кршат принципите на еднаквост на оружјата и правото на правична одбрана. Исто така одбраната и обвинетите никогаш не ги добија аудио материјалите за да изврши автентичност.
Повреди има и во самата судска постапка. На одбраната не ѝ беше овозможен разумен рок на закажување на рочиштата, па и беа повредени правата да има доволно време за подготовка.
Се читаа доказите во судницата и тоа само насловите од документи кои се копии, а не оригинали, пишува во жалбите на адвокатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст