| четврток, 6 декември 2018 |

Прослава на отворено пред Владата за Денот на независноста

Денот на независноста, 8 Септември, ќе биде одбележан во дворот на Владата, под отворено небо.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, предвидена е богата програма, а поканети се сите граѓани.

– Во сабота, во 18 часот одбележувањето на Денот на независноста ќе почне со концерт за најмладите на „5+“ бенд, по што следува настап на Македонската филхармонија која заедно со Тамара и Тијана ќе изведе шлагери, а потоа е Емин Џијан, информира Бошњаковски.

Согласно Програмата, предвидено е и обраќање на премиерот Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top