Левиот бек на Атлетико Мадрид, Филипе Луис потврди дека летово сакал да го напушти Атлетико и да се пресели во ПСЖ . Сепак, трансферот не се случ, па парижаните во своите редови го доведоа левиот бек Хуан Бернат од Баер Минхен.
– Да, имаше можност да се преселам во ПСЖ. Зборував со раководството на Атлетико и ги молев да ме пуштат во Париз. Сепак, моето барање не беше одобрено, а клубот ми одговори дека нема да има време да најде соодветна замена за мене. По се што беше кажано, решив да ја прифатам одлуката на клубот и да останам таму каде што сум, изјавил Бразилецот.
33-годишниот дефанзивец во Атлетико Мадрид е од 2015 година. Претходно тој настапуваше за Челзи, Ла Коруња и Фигуеренсе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст