Пред Апелациониот суд во Скопје во знак на револт на постапувањето против Никола Груевски почна да се собира народ, иако Груевски не е во судот во кој се одлучува со намера да биде затворен пред решавањето на името.
Како што најави самиот тој вчера на прес-конференција во Собранието, Никола Груевски и неговите четири адвокати денес не се појавија во Апелација на закажаната седница.
Случајно или не, и овојпат судот тројца од четирите адвокати на Груевски им закажал друго судење на случаи од СЈО во исто време, на кое ако не се појават, имаат јавна закана дека ќе бидат казнети со високи парични казни.
Слично беше и во петокот, кога сите четири адвокати на Груевски имаа ваква обврска и закана, а Апелацискиот суд дискриминирачки отцени дека Груевски не мора да има адвокат и ја продолжи седницата држејќи го 11 часа без адвокат во судот.
Во вчерашната изјава Груевски рече дека тој нема адвокат, туку адвокатски тим, во кој секој од адвокатите е фокусиран на различен дел од одбраната.
Претходно, пред оваа седница адвокатите на Груевски доставиле преставка за изземање на Катица Јанева, што во една ваква атмосфера во судот, се очекува да биде отфрлено.
Во судницата има само еден адвокат, Стерјо Зиков, но тој во овој случај не е ангажиран и не е адвокат на Никола Груевски, туку само на другиот обвинет, Ѓоко Поповски.
Вештакот ангажиран од СЈО во првостепениот суд даде вештачење дека фирмата која го набавила блиндираниот мерцедес не направила никаков екстра профит, и дека нема никаква штета од набавката, заради што СЈО воопшто не го теовари Груевски за тоа.
Случајот за кој се гони Груевски е застарен
Апелациониот суд се наоѓа пред тешка задача и заради уште една причина. Гонењето против Груевски е застарено. Има и релативна и апсолутна застареност.
Максималната казна предвидена во законот за Груевски е три години затвор. СЈО тврди дека тој го прекрашил законот кога во телефонски разговор на Јанкуловска на прашање дали ги видел проспектите, и одговорил дека ги видел и дека е најинтересно тоа на „М“. Овој телефонски разговор се случил во февруари 2012 г. Остантите два телефонски разговори кои се неважни за процесот се случиле во март и во јули 2012 г. Релативна застареност на гонењето настапува ако во рок од три години не се покрене никаков обвинителен процес. Во случајот СЈО во тоа време не постоеше, а ОЈО нема дејствија бидејќи и СДСМ не поднел пријава до ОЈО.
Во согласност со членот 30 од Кривичниот законик, момент на дејствие на сторување кривично дело се зема првото дејствие, а другото се смета за последица. Во случајот тоа е февруари 2012 г., кога Заев сѐ уште го нема објавено разговорот, па така Обвинителството и не можело да преземе нешто.
СЈО и првостепениот суд го признава ова, но се повикува на одредбата дека релативна застареност не може да има ако обвинетиот во меѓувреме сторил и други кривични дела, и се повикуваат на другите 4 предмети на СЈО кои се водат во судовите против Груевски, но забораваат дека ниту едно од тие не е правосилно докажано, така што во овој случај има чиста релативна застареност на гонењето.
Покрај релативна застареност има и апсолутна застареност. Апсолутна застареност има ако за 6 години од сторување на прекршокот нема правосилна судска одлука, а тоа во согласност со членот 30 од КЗ помина во февруари 2018 г., кога судењето всушност почна.
Во меѓувреме има апсолутна затареност не само на првиот телефонски разговор, туку на сите телефонски разговори во предметот, а друг доказ против Груевски нема, ако може воопшто да се земе „….тоа на М“ како доказ бидејќи е само асоцијација, во еден наводен телефонски разговор за кој судот поседува само копие, кое не е споредено со оргиналот.
Најверојатно затоа вчера во неговата изјава Груевски за застареноста на гонењето рече дека е проста математика, веројатно мислејќи на собирање на 3+3 = 6.
Во случајот „Тенк“ проблем е само името на Груевски
Правниците велат дека да не беше името на Груевски во обвинението, било кој судија без дилема случајот ќе го отфрлеше или како случај во кој нема доказ за сторено кривично дело, или како застарено гонење. Во случајот, очигледно проблемот е името. Името на Никола Груевски и притисокот на судот од политиката, и името на државата чија одбрана токму Груевски ја предводеше цели 15 годиuни, заради што сега власта е исплашена од него.
Главната вест која вчера беше во неговата изјава беше дека поседува информации дека в.д. претседателката на Апелацискиот суд во четвртокот лично еден по еден разговарала и вршела притисок на сите пет судии кои треба да одлучуваат за предметот, и барала да и гарантираат дека ќе гласаат на начин да Груевски биде прогласен за виновен и осуден, со цел да биде однесен во затвор до референдумот или до решавањето на името, чија завршница во Парламентот може да биде некаде во декември 2018 г. или јануари 2019 г.
„Мерцедесот“ подготвен за Столтенберг, Курц и Меркел
Во „мерцедесот“ за кој му се суди на Груевски во случајот „Тенк“ на СЈО, токму денес ќе се превезува шефот на НАТО Јан Столтенберг, в петок „мерцедесот“ ќе се користи за високиот гостин, канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, а на Денот на независноста во него ќе се вози канцеларката на Германија, Ангела Меркел. Кога нема странски гости Заев го користи возилото за превоз, исто како и Груевски во минатото, како што и самиот изјави дека го превезувале во тоа возило кога неговото амортизирано возило било на сервис или кога одел на подолго патување.
Инаку во судскиот процес се виде дека нема екстра опрема додадено во „мерцедесот“, па дури ни мониторите на задните седишта за кои Груевски наводно инсистирал во телефонскиот разговор, затоа што овие возила бидејки се наменети за ВИП личности, такви се произведувале.
Државата по правило треба да има по две вакви возила за секој од четирите домашни ВИП личности кои по закон мораат да се превезуваат во блиндирано возило, а тоа се премиерот, претседателот на државата, претседателот на собранието и министерот за внатрешни работи, како и уште две за странски ВИП гости, што значи вкупни 10 вакви возила. Беше набавено само едно заради економски причини, додека останатите домашни ВИП личности се превезуваат во многу стари блиндирани автомобили, стари по 14-15 години, а кај овие воила заради тежината од балистичката заштита амортизацијата е три пати поголема од истите такви кои не се блиндирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст