Германските власти го отфрлија случајот во кој 10-годишно момче од Авганистан силуваше соученик за време на училишно патување. Според информациите, случајот е отфрлен бидејќи момчето е премногу младо, објави „Раша тудеј“. Во инцидентот учествувале и сириски и авганистански соученици, кои го држеле момчето доле на земјата.
Инцидентот почна кога 38 ученици од едно училиште во Берлин заминаа на патување во замок во Нордвесткумермер, Германија. Учениците требало да имаат забавен ден и да уживаат во природа.
Три момчиња учествувале во инцидентот, две го држеле момчето доле на земјата, а десетгодишниот Авганистанец го силувал. Двајца други соученици го виделе настанот, но не ги известиле наставниците. Злосторството се дознало дури една недела подоцна, кога близок пријател на жртвата кажал на социјален работник во училиштето.
Властите го отфрлија случајот со образложение дека момчињата се премногу млади за да им се суди, сè додека не наполнат барем 14 години. Најмногу што може да се направи, како што е наведено, е да се спречат да посетуваат нормално училиште со други ученици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст