| четврток, 6 декември 2018 |

Две Бугарки краделе на Бит Пазар: Едната туркала жена, а другата и го крадела новчаникот

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицата Р.Г.И. (50) и Н.Н.Н. (24), двете од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 18.000 денари.

Пријавените го извршиле делото во саботата околу 13.30 часот на ул.„192“ во пазарот Бит Пазар. Тие ја искористиле гужвата и невниманието на оштетената. Н.Н.Н. се туркала во неа за да и го одвлече вниманието, а Р.Г.И. го отворила патентот од чантата и одзела женски паричник во кој имало 240 Евра, 2.400 денари и лични документи.

Лице кое било присутно во пазарот, го забележило настанот и пријавило во полициска станица. После тоа, по преземени мерки, на 03.09.2018 година околу 13.00 часот пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Бит Пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top