Одговарајќи на нападите од Нова демократија и од лидерот Кирјакос Мицоткаис, кој по повод Викиликс документот според кој Никола Груевски во 2008 година се задоволил со името Северна Македонија, се сврте кон Владата на Ципрас дека потпишала лош договор со Заев, грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, соопштил дека „општо е познато дека премиерот на ФИРОМ во тоа време, Никола Груевски, не сакал да реши прашањето (на овој начин):
-Во обид да ги залаже меѓународните играчи (Груевски) се преправаше дека е принуден да прифати компромис. Никој не му веруваше, освен Мицотакис, соопштил Коѕијас.
Тој додал, како што пренесува Катемеини, дека Викиликс документот покажува дека Скопје сакало да го користи своето уставно име „Македонија“, без било какви модификации, за домашна употреба – услов што Нова демократија го прифатила.
Коѕијас додал и дека дека Нова демократија тврдела дека најдобро решение е името „Северна Македонија“ што повторно било одбиено од Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст