Мрежата #Бојкотирам ги повикува граѓаните на голема народна прослава на роденденот на Република Македонија на Школка во Градскиот парк во Скопје со почеток во 17 часот. Од мрежата најавуваат дека ќе има музика, ќе се делат маички со #Бојкотирам како и роденденска торта. За крај порачуваат „Среќен роденден, Македонијо, #Бојкотирам за да не е последен”.
Освен во Градскиот парк, прослава ќе се одржи и пред Собранието, каде ќе се делат маички и ќе се слуша музика, но нема да има торта.
На редовната владина седница одржана денеска, донесена е одлука за 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, Владата в сабота да организира прослава на платото пред зградата на Владата со пригодна културно–уметничка програма. Прослјаавата на Денот на зезависноста на Република Македонија Владата го органзираше на истото место и минатата година.
Засега, нема повеќе информации за тоа колкав ќе биде буџетот за прославата, ниту кој ќе настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст