Ноќеска околу 03.30 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го лишиле од слобода Н.И. (34) од гостиварското село Дебреше, кој претходно со употреба на сила влегол во угостителски објект на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар.
Н.И. влегол во објектот и од фиока во работната маса одзел пари, а кога ги забележал полициските службеници почнал да бега, но набргу бил фатен.
Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст