| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионер ограбен во Центар: Му рекол дека од банка му дале грешни пари, му ги грабнал и избегал

Вчера околу 12.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавил дека истиот ден во 11.15 часот на ул. „Даме Груев“ непознато лице извршило тешка кражба над него.

Додека ги броел парите од пензијата, кои претходно ги извадил од банка, му се доближило лицето и се претставило дека е вработен во банката. Лицето побарало да му ги даде парите затоа што, наводно, благајничката погрешно му дала пари од трезорот и во тој момент од раката насилно му одзело 24.000 денари и побегнало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top