Аукција на 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 780.000.000 денари или 12,6 милиони евра денеска е закажана на официјалната страна на Министерството за финансии. Владата продолжува континуирано да ги задолжува граѓаните без резултати во поглед на капиталните инвестиции. Така реализацијата на капиталните инвестиции за првите 7 месеци од годината изнесува само 21,3 % што е катастрофално малку.
Вака како што стојат работите експертите велат дека на конец виси постигнувањето на стапка на БДП од 2,3 на годишно ниво токму поради очајно лошата реализација на капитални инвестиции што пак е резултат на континуираниот пад во градежништвото кое повлекува со себе повеќе гранки, пишува „Економски“.
Инаку, стапката на раст на БДП во првиот квартал изнесуваше едвај 0,1 % што додатно ја потврдува лошата економска политика на Владата која се повеќе ја влече македонската економија наназад.
Економистите се загрижени дека со вакво слабо темпо на работа се става во знак прашалник реализацијата од 2,3 % БДП на годишно ниво која беше ревидирана од светските реномирани финансиски институции од 3,2 % токму заради слабите резултати во првиот квартал од годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст