| четврток, 6 декември 2018 |

Рабио во јануари се сели во Италија?

Еден од најпознатите италијански агенти, Џузепе Боцо во јавноста пласираше трансфер „бомба“ која според него би требало да се реализира во јануарскиот преоден рок. Боцо е еден од најпознатите европски агенти и во интервју за „Тутоспорт“ истакнал дека со новите правила на УЕФА трансфер пазарот во јанури ќе биде многу поинтересен.

– Со новото правило на УЕФА, трансфер пазарот во јануари ќе биде многу повозбудлив и ќе бидеме сведоци како големи фудбалски имиња ги менуваат клубовите и на зимо, изјави Боцо, кој потоа откри кој би можел да биде назвучен трансфер.

– Мислам дека Рабио сигурно ќе ја промени средината во јануари. Неговиот договор со ПСЖ истекува на лето и одбива да го продолжи. По тоа што го знам јас, Рабио ќе пристигне во Италија во јануари. Милан е фаворит пред Јувентус за неговиот потпис, вели Боцо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top