Убиството на тројца членови на семејството Поцеста пред неколку дена во нивниот дом во центарот на Дебар, предизвика голем шок за пошироката јавност. Истрагата покажа дека убиството било извршено од најстарата ќерка Блерта која имала помош од други две други лица, од Дебар и Гостивар.
Таа ги убила таткото Амид (54), мајката Назмије (53) како и најмалата сестра Анила (14) во нејзина детска соба.
Но, прв на кој беше фрлено сомневање беше роднината на семејството, зетот Расим Финдо, со кој семејството имало судски спор.
Приштинска „Газета експрес“ пренесува дел од разговор со Финдо, кој се сомнева дека убиството наводно било извршено за пари.
Расим Финдо, кој за првпат јавно зборувал во интервју за „News 24“, вели дека наводно причината за убиството би можела да биде корист од 1,5 милиони евра од италијанската држава, бидејќи главата на семејството, Амид Поцеста имал животно осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст