| четврток, 6 декември 2018 |

МОН: За одлуката за реновирање на ОУ „Гоце Делчев“ и прекин на наставата нѐ извести Општина Центар

Министерството за образование и наука било известено но не и консултирано за одлуката за пролонгирање на учебната година на ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје. Веднаш по започнувањето на наставата, директорката и вработените во ОУ „Гоце Делечв“, објавиле на „Фејсбук“ дека наставата се прекинува поради реновирање на училиштето.

„Во врска со одложувањето на наставата во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар, кое е под надлежност на општината, добивме информација од страна на самата општина и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за донесена одлука за одложена примена на објектот, односно за одложен почеток на наставата, поради тоа што во просториите на училиштето сé уште се изведуваат градежни активности за доградба и санација. Активностите во училиштето ги реализира општина Центар. Во моментот кога ќе бидат завршени градежните интервенции и ќе се создадат соодветни услови за настава и за работа, училиштето ќе биде пуштено во употреба. Секако, МОН ќе биде ангажирано во целиот процес и соодветно ќе известува за текот и донесените одлуки“, велат од Министерството за образование и наука.

Според Законот за основно образование, МОН мора да даде согласност за одлука за прекин на наставната програма.

„Според член 38 став 6 од Законот за основно образование „Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност со Министерството.”

Иако од Министерството за образование и наука побаравме, не добивме одговор за тоа како учениците ќе ги надополнат изгубените часови и зошто за прекин на наставата е објавено на Фејсбук, дента по завршување на првиот училишен час, а не претходните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top