Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски вчера прославија една година брак. За само неколку денови, ги очекува најубавиот период од животот, раѓањето на нивната ќерка.
Димитар и Сара се фотографираа во последните денови од бременоста на Сара, со нивниот миленик Атос за „Женски магазин“ .
- Терминот за породување ми е на 9.09. Сѐ уште се мислиме за име, имаме неколку опции, зависи од тоа кога ќе се роди бебето. Но, ако се роди на 8 септември, задолжително ќе се вика Северина, хахаха. Сакам само со лесно да се породам, се да биде во ред, да е жива и здрава“, ни изјави Сара. Димитар додава дека овие девет месеци му поминале многу брзо.
Повеќе фотографии и целото интервју прочитајте го на Женски магазин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст