Внатрепартиската војна на СДСМ продолжува да се води на натпартиски полиња. „Павел Шатев“ е мал мегдан за глемите интереси на крилата предводени од претседателот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска.
Претседателката на Синдикатот на културата, актерката од Драмскиот театар Сања Арсовска, која вчера обвини дека премиерот Зоран Заев лично интервенирал во Министерство за култура да се поништат решенија за директори веќе донесени од комисија и потпишани од министер, го избришала вчерашниот статус, а денеска со нов статус објаснува во каква позиција се нашла.
Арсовска, која му е партнерка на Никола Наумоски, шеф на Кабинетот на Петре Шилегов и прв братучед на Радмила Шекеринска, пишува дека откако објавила што се случува во Министерството за култура, добла „закани од многу страни, вовлекување на мојата фамилија во работи кои апсолутно не се предмет на проблемот, од страна на луѓе кои воопшто не ги познавам“.
„Зошто? Затоа што и мислам добро на мојата институција и на сите институции од областа на културата и уметноста. Прво како уметник, второ како претседателка на синдикат на култура.
Ниту имав намера некого на дискредитирам, ниту да понижам, туку едноставно да бидам доследна на своите заложби. Дали ќе си платам голема цена, останува да видам. Како возрасен човек пред да направам нешто, ги согледувам последиците. Ако ми одговараат, го правам тоа што сум наумила“.
Арсовска вели дека ја поддржала оваа влада оти верувала дека „ќе ги направи промените кои ни се потребни и осеќам должност да алармирам кога има обиди да не врати на стариот пат“
„Не направив ништо поразлично од тоа што го ветуваше владата “Професионалност над партија” и среќна сум што Владата сепак покажува демократски капацитет да сослуша и да донесе објективна одлука. (Настрана заканите од неважни луѓе.) Вака се создаваат европски културни вредности.
Имаме уште многу работа за уметниците и културните работници. Работат во никакви услови, со никакви плати, без колективни договори. Верувам дека овие проблеми набрзо ќе се решат, дека уметниците и културните работници ќе имаат достоинствен статус во општеството и дека уметноста и културата ќе ја издигнеме и ќе ја чуваме. Затоа што културата е нашето име, нашиот национален идентитет, таа кажува кои сме и што сме“, пишува денеска Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст