| четврток, 6 декември 2018 |

Реџепи: Делумно е точно дека Водно нема да се врати во првобитна состојба

Ќе се сече само 1,7 хектари шума од вкупно 9,3 хектари, вели директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, убедувајќи ги активистите дека нема да се уништи Водно доколку гасоводот поминува низ престојната траса.

– Несоодветни се зборовите дека Водно се уништува, додава Реџепи.

Според него, штетата на буџетот ќе биде 9,7 милиони евра, односно тоа ќе ја прекине градбата за пет години, а ќе треба нова документација и ќе има раскинување на договори. Реџепи смета дека гасоводот не е дозволено да поминува преку скопска Црна Гора, бидејќи имало ерозивно земјиште.

– Делумно е точно дека Водно нема да се врати во првобитна состојба. Пет метри во оска на гасоводот не смее да се пошумува. Воопшто не се приметува дека поминува гасоводот што се градел за делницата Неготино-Штип, додаде Реџепи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top