| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерите тргнаа за Гибралтар по првите бодови во Лигата на Нации

Фудбалската репрезентација на Македонија го стартува својот поход во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации. Првото искушение е да се освои Гибралтар, и според расположението кај седуммината фудбалери кои од Скопје полетаа за Малага, а потоа ќе го продолжат патот до Гибралтар, не би требало да претставува посебен проблем.

Иван Тричковски, Илија Несторовски, Елиф Елмас и Кире Ристевски од интернационалците, како и Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски од „домашните“, заедно со селекторот Игор Ангеловски и стручниот штаб, полетаа за Гибралтар. Целта е јасна, да се освојат првите три бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top