Постарата ќерка на семејството Поцеста од Дебар е осомничена за грозоморното убиството на нејзините родители и помалата сестра – неофицијално дознаваме од извори во полицијата. 25-годишната девојка се наоѓа на распит во ОЈО. Тв21 дознава дека осомничената за трикратното убиство го извршила делото со уште тројца помошници. Едниот и обезбедил пиштол, вториот и помогнал да го изврши делото, а третиот бил задолжен да ѝ помогне со превозот. Како што неофицијално дознава телевизијата, пиштолот со кој е извршено убиството е пронајден на бензинска пумпа во Тетово.
Девојката долги години живеела во Италија, пристигнала во родниот Дебар за да го изврши делото, а по убиството веднаш заминала за Италија. Повторно се вратила во земјава откако родинините телефонски и ја соопштиле веста дека се откриени телата на нејзините родители и нејзината сестра.
Неофицијално, членови на семејството Поцеста биле членови на мафијашка група во Италија. Извори на Тв21 брифираат дека мотив за убиството најверојатно е одмазда бидејќи таткото сведочел против членови на групата во која членувала и неговата ќерка. Се очекува МВР и Обвинителството подоцна во денот да излезат со официјални информации. Трагичниот настан се случил на 26 август во три часот по полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст