Денеска почнува новата учебна година која освен радост, дружење и обврски, носи и дополнителни трошоци за семејниот буџет. Пресметките покажуват дека за едно прваче да тргне на училиште цакум-пакум, потребно е нешто помалку од една просечна македонска плата.
Освен училишен прибор, првачето мора да добие се ново: од патики и јакна, до маица. За да се подготви еден ученик потребен е прибор, дрвени боички, пластелин, фломастери, темперни бои, тетратки, боенки, работни листови, глина, ножички, блокчиња, линијари, папки, хартија во боја, ранец и облека. Голем дел од родителите веќе имаат набавено дел од школскиот прибор и облеката, но велат дека дополнително на првиот училиштен час ќе се информираат од учителките дали ќе треба да докупат уште нешто.
– Првачињата се најмногу возбудени и бараат да им се купи се, а најмногу одбираат тетратки и ранци на кои на предната страна ги има нивните јунаци од сериите. Школскиот прибор деновиве најмногу се бара – велат од книжарниците.
Новата гардероба на првачето чини далеку повеќе од приборот. Детската облека од поодамна е поскапа од онаа за возрасните. За да остават добар впечаток пред новите другарчиња, родителите често се одлучуваат на дечињата да им купат и квалитетна и брендирана облека за првиот час, се разбира, доколку може тоа да си го дозволат. Сепак, една јакна, дуксер, панталончиња, маица, чевли и патики во просек родителите ќе ги чини околу 5.000 до 6.000 денари. Се разбира цените варираат во зависност од местата од каде облеката е купена, па на пазарите таа може да чини и многу помалку.
Инаку, Министерството за образование на учениците од основните и средните училишта им обезбедува само бесплатни учебници. Во некои од основни училишта општините ја обезбедуваат и школската униформа.
Во основните училишта во оваа учебна година настава во прво одделение ќе следат 20.251 ученик.
Школски прибор
ранец 500-3.500 ден.
комплет прибор 356 ден.
тетратка 20 ден.
молив 30 ден.
фломастери 130 ден.
дрвени боици 99 ден.
темперни 240 ден.
пластелин 50 ден.
блокче 30 ден.
кеса за блокче 35 ден.
Облека
палто 1.500 ден.
дуксер 1.000 ден.
маица 500 ден.
фармерки 1.200 ден.
патики 1.500 ден.
чевли 1.500 ден.
балетанки 600 ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст