| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Вучиќ се сретнаа на преминот Прешево­ – Табановце (фото)

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретнаа на граничниот премин Табановце – ­Прешево каде најавија дека ќе започне да се применува заедничкото гранично управување или проектот „One stop shop”.  Со овој проект се очекува да се скрати времето на царинење и на контроли.

– Со едно застанување на заедничка испостава ќе се преполови времето на чекање на граѓаните, превозните средства и стоките. Проектот е во финална фаза и институциите од двете држави се подготвени да го имплементираат. Овој концепт за првпат ќе се применува на овој граничен премин, со Република Србија, рече премиерот Заев, кој се заблагодари на Светска банка која преку Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, го поддржува ваквиот проект.

– Сето тоа е дел од заедничката економска агенда на Западен Балкан којашто ЕУ ја заокружи, а ние премиерите на Западен Балкан ја потврдивме на самитот во Трст. Навистина ми е драго што шенген механизмите ги воведуваме овде, односно ја носиме Европа овде на Блаканот, рече Заев.

Тој додаде дека ова е уште еден пример на големото пријателство на Македонија и Србија, кое секогаш, истакна, е докажано. Изрази уверување дека ќе расте во наредниот период и во делот на отворање на нови гранични премини на што, како што истакна, работат двете влади, како и на унапредување на соработката.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека заедничкото управуавње ќе го скрати времето на поминување, бидејќи на исто место ќе се извршат сите проверки од царински до ветеринарни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top