| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец нападнал полицаец

Скопјанец нападнал полицаец кој вршел претрес на неговото возило. Според билтенот на МВР вчера околу 10:30 часот на улицата „Крушевска Република“ во Скопје полициски службеник додека извршувал работни задачи односно требало да одземе предмет од возило сопственост на М.К. (47) од Скопје, бил нападнат од страна на М.К..

Напаѓачот бил совладан и приведен во полициска станица.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top