-Во вторникот бев во Берово, Пехчево и Крива Паланка, се среќавав со луѓето, разговаравме и сега нема да ви говорам колку тие се разочарани, колку Паланка како и другите градови се на работ на егзистенцијата, туку ќе ви кажам за еден стар дедо, кој ми раскажуваше за случка од минатото која наликува на сегашноста. Приказна за едно Паланечко село кое ниту една војска низ историјата не го покорила. И јас го прашувам до храбрите луѓе ли било, до нивниот голем број? Дедото на ова ми одговори не синко, тие ни пушка не испукаа, а далеку помалубројни беа од војските кои ги одминуваа, туку со две работи победуваа, со мудрост и со слога – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот голем сенароден марш во Кичево.
Тој додаде:
Нас денес соочувајќи се со еден срамен договор ни е потребна мудрост и обединетост. Леви, и десни, оние во центарот, определените и неопределените треба да знаат дека нашата земја Република Македонија е во прашање, и треба да се размислува рационално. Нема време за грешки. Има многу луѓе што и од СДСМ не се согласуваат со ова што се случува со државата и ќе кажам и ќе ги повикам – добредојдени сте, има место за сите. Ваша е оваа татковина.
Ако ме прашаат дали сте за ЕУ и НАТО, веднаш одговорам да, но исто имам подеднакво право да бидам и против договорот со Грција со кој се напаѓа нашиот идентитет и е надвор од нашите принципи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст