| четврток, 6 декември 2018 |

Робот ќе замени хирурзи во Хрватска

Робот ќе замени хирурзи во Хрватска, пренесува српски „Курир”.

Државата наскоро ќе добие неповратни финансиски средства во висина од околу два милиона евра од фондови на Европската унија.

Во современата медицина се повеќе хируршки зафати се обавуваат со помош на роботи, а хрватскиот робот ќе оперира во Клиничкиот болнички центар во Загреб.

Со помош на роботот ќе оперираат и хирурзи од други болници, а ќе се обучуваат и млади лекари. Клиничкиот центар во Загреб се споменува и како иден Национален роботски центар, кој би требало да работи од пролет следната година.

Хрватскиот министер за здравство рекол дека со помош на робот најмногу се оперираат карциноми на простата, но и сите тумори во стомакот и градниот кош, а се вршеле и гинеколошки операции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top