| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Иако се до гуша фатени во криминал, ќе се колнат во иднината, како што се колнеа во дедовината

Ако не се извлече поука од историјата која веќе еднаш се случува како трагедија, тогаш нејзината реприза е фарса, а ќе се согласите дека македонскиот народ поминал низ многу историски премрежја од кои ние како народ и држава треба да излеземе посилни, помудри и поискусни. Денес, тука од преубавото Кичево можам да заклучам дека Македонија е на таков крстопат, а повеќето патишта се погрешни, дел од нив завршуваат со слепа улица, а друг дел одат директно во провалија – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот големиот сенароден марш во Кичево.

Тој додаде деја само од нас зависи кој пат ќе се одбере, и нема многу можности затоа што вистинскиот пат е еден.

Но пред да ја донесете таквата одлука, пред да се решите за што сте и кој правец ќе го одберете, мора да знаете дека следува исклучителен период, би рекол период на специјална војна каде невистината ќе се прикажува за вистина, црното ќе се продава како бело, период на оцрнување на личности и нивно компромитирање, време кога ќе се ветува се и сешто, за да им помине замисленото. Време кога ќе се омаловажува, ќе се сака да се влее зајадлив црв на сомнеж во секоја нова искра надеж. Ќе се занимаваат со нас, со теми кои се бледи, кои се само отргнување од реалноста. Ќе се силат, ќе се удираат во гради, ќе велат дека водат убедливо на анкетите, не со 3 туку со 30 проценти разлика, иако реалноста е друга. Иако се до гуша фатени во криминал ќе велат дека се за НАТО и ЕУ, ќе се колнат во иднината, како што се колнеа во дедовината, иако сегашнаста ја прават пекол – нагласи Мицкоски шред насобраниот народ.

Тој додаде:

Но и тоа ќе помине и ќе дојде време кога ќе треба да се сведат сметките и да се погледнеме во очи. Ние ќе бидеме со крената глава, а други ќе бидат со наведнати глави поради неправдите направени врз својот народ.
И вие добро знаете дека Македонија е се што имаме, нашиот последен остров, нашата љубов, нашите корени и иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top