| четврток, 6 декември 2018 |

Правни пропусти на ФМУ: Ќе пропаднат ли приемните испити на Факултетот за музичка уметност?

Дали се доведени во прашање легитимноста на приемните испити на Факултетот за музичка уметност во Скопје, е прашања кое многумина родители го поставуваат откако објавениот претседател на Конкурсната комисија за приемните испити, проф. Васо Ристов, е назначен за Директор на Македонската опера и балет.

По оставката на деканот проф. Зоран Пехчевски, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски  на 10 август го назначи проф. Тодор Светиев за в.д. декан, кој треба да спроведе постапка за избор на нов декан на ФМУ и да ги спроведе приемните испити на факултетот, за кои пријавени се повеќе од стотина кандидати.

Работното место на проф. Васо Ристов е во мирување, додека в.д. деканот Тодор Светиев сеуште нема поставено нов продекан за настава или вршител на должноста, со што доведено е во прашање легитимноста на приемните испити на факултетот, чии резултати од приемниот испит ќе останат без потпис од овластен продекан за настава. По изборот на проф. Васо Ристов за директор на Македонската опера и балет, факултетот остана без продекан за настава, кој според Правилникот за прв и втор циклус студии на УКИМ кој треба да раководи со Конкурсната комисија задолжена за реализација на приемните испити.

Ситуацијата дополнително е компликувана поради учеството на ќерката на в.д. деканот, доц. Кристина Светиева, што претставува конфликт на интерес  поради што родителите би можеле да поднесат приговори за успешноста и непристрасноста на конкурсната комисија.

 

извор: magazin.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top