Раул Гонзалез во својот прв официјален меч како стратег на ПСЖ беше поразен во полуфиналето на „Трофеј на шампиони“ од Ст. Рафел со минимални 26-25.
Според играта се чинеше дека Раул Гонзалез и неговите избраници се речиси сигурни финалисти во францускиот „Трофеј на шампиони“, но така очигледно не размислуваше противникот. И покрај водството во текот на целиот меч, па и на полувремето (13-11) ПСЖ на крајот по голема драма беше поразен од Ст.Рафаел со 26-25.
Бранител на трофејот во ова натпреварување е Нант на Кирил Лазаров, кој минатата година го совлада токму ПСЖ и ја прекина доминацијата од три години по ред. Капитенот на македонската репрезентација во полуфиналето ќе игра против Монпелје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст