| четврток, 6 декември 2018 |

Заев од Валандово: Кај нас сите го знаат премиерот – катастрофа

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на денешната трибина во Валандово во рамки на митингот „Излези за европска Македонија“, рече дека Македонија во 1991 година ја добила независноста, а на претстојниот референдум треба да ја зацементира иднината, стабилноста и интегритетот.

Тој порача дека со договорот веќе не постојат дилеми за нашиот идентитет и јазик, туку, според него, договорот отвора перпсективи за граѓаните.

-Во Европа се зборува за економија и перспективи, а кај нас за политика. Сите го знаат премиерот Зоран Заев – катастрофа. Ете тоа е разликата и треба веќе еднаш да ја разбереме и надминеме, истакна Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top