| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за убиството во Велгошти: Соседите не чуле ништо, но…

Безживотно тело на жена е пронајдено попладнево во куќа во Велгошти, информира СВР Охрид. Засега не се соопштуваат други детали за случајот.

Неофицијално се работи за убиство, а жената била пронајдена со најлонска кеса врз главата.

Соседите беа изненадени од страшната вест. Во изјава за медиумите кажаа дека не чуле ништо. Нивната сосетка Б.П. (41) имала две полнолетни деца и работела како шивачка. Била во врска со маж кого често го гледале тука.

Во тек е увид, а истрагата треба да ги открие причините за убиството.

Извот: Охридњуз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top