| четврток, 6 декември 2018 |

АКМИС системот се злоупотребува и во Апелација во кривичниот предмет против Никола Груевски? (видео)

Од судски извори се говори дека скопска апелација целосно го заобиколува АКМИС ситемот во предмети кои се од особена политички интерес за актуелната гарнитура. Имено, советот во апелација кој одлучува по предметот е неколку пати сменет се со цел за да се направи подобен кој ќе го осуди Груевски. Актуелниот совет кој треба да одлучува по предметот Тенк, всушност е избран без да се активира системот, веројатно по некои други критериуми кои немаат допир со правдата.

Корупцијата во судството од ден на ден е се по очигледна, а во прилог на тоа оди и фактот што АКМИСОТ, односно електронскиот систем за распределба на предмети заглави на судијката Кацарска. Да не беше трагично ќе беше комично како сите предмети за поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и предметот 27 април впрочем заглавија, односно ги доби судијката Добрила Кацарска.

Неслучаен е фактот што речиси сите процеси кои се водат против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како и лица инволвирани во 27.април, ги водат истите двајца-тројца судии, познати во кулоарите на судската власт како блиски до актуелната власт но и до претставници на меѓународната заедница.

За ова, впрочем јавно зборуваше и судијата и екс-претседател на кривичниот суд Владимир Панчевски, кој изрази сомнеж дека АКМИС системот преку кој се распределуваат предметите за судење кај судиите, всушност се злоупотребува со цел предмети против екс-раководството на ВМРО-ДПМНЕ да потпаднат кај судии како Добрила Кацарска, која впрочем води и најголем дел од предметите.

Очигледно е дека судството е под целосна контрола на СДСМ и Зоран Заев и служи единствено за пресметка со политичките противници на власта.

Прибе е нарачка, системот за распределување на предмети во судот разбиен, целта е да се осудат на затвор сите кои можат да го спречат разобличувањето на македонската држава, токму пред референдумот на кој македонскиот народ треба да се самоукине.

До редакцијата на „Инфомакс“ пристигна снимка снимена токму од АКМИСОТ на која се гледа дека системот за распределба на судски предмети има некаков проблем. Според видеото може да се забележи дека нешто не е во ред со системот или пак некој се обидува да го контролира системот за распределба на судски предмети.

Според судски извори проблемите со АКМИСОТ започнале по претресот на СЈО, кога без дозвола на Судскиот совет, претседателот на Кривичниот суд Рибарев им дозволил на обвинителите од СЈО да стават усб-иња на компјутерите на кои е инсталиран АКМИСОТ.

извор:инфомакс

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top