| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена Ѕвезда бара засилувања: На Маракана доаѓаат екс фудбалери на Јувентус и Челси

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда изборија настап во Лигата на шампионите, а на раководството останува на последниот ден од преодниот рок да ја засили екипата во фото- финиш.

Денеска е последен ден од трансфер периодот, а Црвена Ѕвезда работи и преговара за неколку зделки. Како што информираат српските медиуми, постојат позитивни сигнали за неколку играчи. Мети на белградскиот клуб се поранешниот играч на Јувентус, кој веќе има настапувано за Црвена Ѕвезда, Ричмонд Боачи и поранешниот фудбалер на Челси, Марко Марин.

Иако имаше информација дека на Маракана ќе стигне Бојан Кркиќ, сепак тој не е опција. Шпанецот со српско потекло преку менаџерски агенции и беше понуден на Црвена Ѕвезда, но Кркиќ бил одбиен.

– Кркиќ сигурно не доаѓа, кратко прокоментирал генералниот директор на црвено- белите, Звездан Терзиќ.

Според информациите клубовите на Боачи и Марин, се уште не прифатиле трансфер на играчите, на Маракана има голем оптимизам за финализирање на трансферите до вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top