| четврток, 6 декември 2018 |

Антоан Гризман прогласен за најдобар играч во Лига Европа

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман е избран за најдобар фудбалер во Лига Европа за сезоната 2017/18. Тој со својот клуб Атлетико Мадрид, минатата сезона ја освои Лигата на Европа.

– Многу сум среќен и горд на наградата. Сакам да им се заблагодарам на сите што работат во Атлетико, како и на тренерот и соиграчите, изјави Гризман.

Тој не можеше да присуствува на денешната церемонија на доделување награди, бидејќи утре го очекува дуел против Селта Виго во шпанската Ла Лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top