| четврток, 6 декември 2018 |

Дванаесет автобуси исклучени вчера од сообраќај, возеле со неисправни кочници

Дванаест возила кои вршат јавен превоз исклучени се од сообраќај вчера во периодот од 10 до 14 часот од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје кој спроведе акциска контрола во Скопје со цел откривање, документирање и санкционирање на прекршоци во поглед на техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

При акциската контрола контролирани се 110 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз. При контролите констатирани се неправилности: неисправен уред за кочење, неисправни светлосно сигнални уреди, неисправен уред за управување, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема.

25 возила кои вршат јавен превоз на патници се упатени во станица за технички преглед на дополнителни проверки. Преземени се вкупно 33 мерки за сторени прекршоци, односно издадени се 15 прекршочни платни налози и поднесени се шест барања за поведување прекршочна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top