„Статуафест“ годинава ќе се одржи на 14 и 15 септември на улицата Македонија од 18 часот до полноќ. Она што го прави овој фестивал поинаков од другите е неговиот формат, односно живите статуи што ќе пристигнат од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина за да го овозможат разубавувањето на овој град, но и да се покаже специфичноста на оваа професија пред македонската публика. Исто така, оваа година на овој фестивал ќе учествуваат и артисти од Македонија.
„Повеќе од десет години работиме како улични живи статуи, работиме под маски, под разни костими, кои карактеризираат нешто конкретно, направени автентично за да ја раскажат нашата приказна, која, покрај тоа што го забавува народот по улиците, цели и кон тоа да биде дежурното око на социјалното живеење и да ја демонстрира потребата за подобар живот. За сите“, велат од продукцијата „Театроск“.
Освен живите статуи, ќе има диџеј-сетови и музички бендови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст